
Автомобил излета од пат и удри во заштитна ограда изутрината околу 9 часот на влезот на патот кај клучката Хиподром во Скопје, при што е повреден возачот.
Според првичните информации на СВР Скопје, возило „Митцубиши колт“ со скопски регистарски ознаки од засега непознати причини излетало од патот и удрило во заштитната ограда.
Повредениот возач е пренесен на Клиниката по хируршки болести „Св наум Охридски“.