Грчки зет ги натепа сопругата и нејзиниот татко од Неготино

Триесет и тригодишна неготинчанка и нејзиниот татко вчера биле претепани од нејзиниот сопруг.

Таа во полиција вчера пријавила дека  нејзиниот сопруг Г.К.(27) од Р.Грција, со привремен престој во Неготино се вратил дома во видно алкохолизирана состојба и физички ги нападнал неа и нејзиниот татко нанесувајќи им телесни повреди. Од страна на УПС од ПС Неготино веднаш било излезено на лице место каде бил затекнат Г.К., како упатува закани и навреди кон неговата сопруга и нејзините родители и притоа упатил закани и навреди кон полицијата, поради што бил приведен и задржан во станица. По целосно документирање на случајот против истиот поднесена е кривична пријава.

Тој исто така ќе биде казнет со парична казна од 800 евра.