
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе присуствува на снимање клапа од филмскиот проект „Ослободување на Скопје“ во режија на реномираниот актер со интернационална кариера, Раде Шербеџија.
Филмот претставува копродукциски проект на Агенцијата за филм на Република Македонија, хрватската продукциска компанија „Лијени филм“ и компанија од Финска „Арт филм“.