Над 13.000 петарди запленети кај двајца струмичани

Разновидни петарди и пиротехнички средства вчера биле пронајдени од страна на полицијата во домовите на Д.М. (51) и Б.М. (32) од Струмица.

Кај Д.М. биле пронајдени 6.314 парчиња разновидни петарди и пиротехнички средства, додека пак кај Б.М. биле пронајдени вкупно 7.336 парчиња разновидни петарди и пиротехнички средства.

По целосно документирање и расчистување на настанот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.