
Шест сириски мигранти се откриени во возило вчера од страна на полицијата на патот Богданци – Струмица, во близина на селото Костурино.
Автомобилот „сеат толедо“ сопственост на фирма од Радовиш бил управуван од Ж.К.(41) од Радовиш.
Возачот и мигрантите се приведени и се преземаат мерки за расчистување на случајот.