
Пет лица се пренесени на Ургентниот центар во Скопје по верижниот судир на обиколницата кај Волково на патот за Приштина.
Засега не е позната сериозноста на повредите со кои се здобиле овие пет лица. Според сознанијата, судирот се случил околу 8 часот утрово и во него учествувале 19 возила.
Причината за судирот, според првичните информации, најверојатно се влажните и лизгави коловози.