
Антонија и Џовани од Италија се вистински пример за тоа дека љубовта не познава граници.
Тие биле лудо вљубени еден во друг кога биле тинјџери, но поради Втората светска војна биле разделени.
Седум децении подоцна, двајцата вљубени, кои денес се во деветата деценија на животот, повторно се споиле благодарение на социјалната мрежа Фејсбук.
Во минатиот век Џовани морал да оди на фронт и да ја напушти својата сакана Антонија. Потоа го заробиле фашистите, а кога конечно бил ослободен не можел да ја најде својата свршеница. Мислејќи дека засекогаш си отишол, Антонија се омажила за друг човек со кој добила две деца. Џовани по некое време, исто така основал семејство.
Меѓутоа, Антонија Готифреди и Џовани Молинари, кои денес имаат по 89 и 86 години, успеале да се пронајдат еден со друг благодарение на Фејсбук.
Денес двајцата се вдовци, и посегнале по модерната технологија за да си ја најдат сродната душа. Сепак ни тој ни таа не ја заборавиле својата љубов од младоста. Откако се нашле еден со друг двојката се венчала во Белано, северот на Италија.