
Во Медицинскиот центар во Струга, синоќа 15 минути по полноќ бил донесен 36-годишниот А.С. од струшкото село Велешта, со прострелни рани.
МВР соопшти дека А.С. со неговото возило си одел дома и во близина на неговата куќа забележал патничко возило без регистерски таблички од кое излегле двајца непознати, од кои едниот извадил пиштол и испукало неколку куршуми кон него, по што двајцата насилници побегнале.
Полицијата информира дека од местото на настанот биле подигнати осум чаури.