
Раководителот на смена на граничниот премин Ќафасан, Љ.П. (43) заработи кривична пријава за примање на поткуп.
Според МВР, Љ.П. на 6-ти овој месец побарал 50 лица од двајца албански државјани за да не ги запише дека влегле во Република Македонија.
Двете лица патувале на релација Тирана-Скопје.Од аеродромот „Александар Велики“ тие требале да се упатат кон Брисел.
Следниот ден околу 4:30 часот при обид да ја поминат пасошката контрола на Аеродромот е утврдено дека на нивните патни исправи немаат печат за влез во државата.