
Четиригодишнoто дете Филип Крсмановиќ онеме по вчерашната трагедија, кога случајно со ловечка пушка ја усмрти осумгодишната сестричка Хелена во нивниот дом во белградската населба Ресеник.
35-годишниот Дарко Крсмановиќ, таткото на детето ја оставил пушката на место каде е достапна за децата, приведен е вчера, но поради лошата психичка состојба, обвинителството го сослушал и по сослушувањето е пуштен да се брани од слобода.
– Осомничениот постојано повторувал: „ Немам живот без Хелена, ќе се убијам! Постојано се удираше по телото, па морал да прими лекови за смирување. Момчето по трагедијата занеме. Не можеше а одговори на ниту едно прашање. Постојано плачеше и бил страшно вознемирен. За да се земе изјава од Филип надлежните малку ќе почекаат за да дадат родителите согласност и да бидат присутни кога детето ќе разговара со полицијата со присуство на социјален работник.