Во рамките на ФФМ почна да функционира онлајн фаншоп

За прв пат во нејзиното постоење, Фудбалската федерација на Македонија пушти во употреба електронска верзија на својата продавница, наменета за дресови и сувенири.

Според ФФМ, преку интернет страницата: www.fanshop.ffm.mk може да го порачате оригиналниот дрес на нашата репрезентација, а истиот ќе биде доставен до вашата домашна адреса.

Во периодот што следува изборот на дресови, сувенири и реквизити ќе биде значително проширен, а во пресрет на новогодишните и божиќните празници, дресот на македонската репрезентација ќе може да се набави по промотивна цена.