Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози. Магла со видливост до 50 метри има на патните правци Страцин-Куманово, Тетово – Попова Шапка и Прилеп – Крушево, информира ЈП Македонија пат.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово и Катланово – Велес.
На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.