
Српската полиција во моментов трага по вториот учесник во грабежот, а биле пронајдени пиштол и пари. Повредениот припадник на обезбедувањето во моментов е примен во Ургентниот центар со расекотина на главата, објави српски Курир.
Со брза и ефикасна акција српската полиција го пронајде и го уапси Л. П. (18), кој е осомничен за грабежот што се случи денеска на ул. Македонска во Белград.
Се претпоставува дека најмалку едно вооружено лице учествувало во грабежот што денеска се слуши иколу 13. 10 часот во филијалата на Комерцијална банка на ул. Македонска во центарот на Белград.
Разбојникот влегол во банката, го удрил работникот со пиштол во глава и одземал засега непозната сума пари. Повредениот работник е пренесен во Ургентниот центар со расекотина на главата.
Комерцијална банка соопшти дека во грабежот на експозитурата во центарот на Белград е полесно повреден чуварот кој бил веднаш згрижен и се чувствува добро. Банката соопшти дека во интерес на истрагата нема да изнесува детали за грабежот, но истакна дека нејзините клиенти нема да претрпат штета. Исто така, оттаму додаваат дека експозитурата на улица Македонска која вообичаено не работи за викендите, повторно ќе почне со работа во вообичаеното време во понеделник.