
Во штипско Ново Село, денеска свечено ќе биде отворен „Музејот на ВМРО за Штип и штипско (1893-1934)“.
На свеченото отворање на Музејот ќе присуствува и министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска.
Музејот е сместен во куќата на старото семејството Андонови, која е типичен пример на стара македонска архитектура која во изминатиот период беше целосно реконструирана.