
Локалниот пат во општина Прилеп помеѓу селата Клепач и Ерековци во должина од 2,5 километри, денеска беше пуштен во употреба. Инвестицијата е вредна 260.000 евра.
Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, целата општина е офатена со локална инфраструктура.
– Речиси сите населени места имаат асфалтен пат. Тоа е дел од програмата на градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, но и од владината програма за локалната патна инфраструктура. Ова беше главно барање на жителите од двете населени места кои за прв пат добија асфалтна сообраќајница со што им се олесни животот, истакна министерот.
Јанакиески појасни дека со владината програма за изградба на локални патишта во земјава, инвестиција од 150 милиони евра, остануваат да се изградат уште 75 локалнипатишта.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески смета дека на ваков начин е решен децениски проблем за жителите од селата Клепач и Ерековци.
– Досега жителите од Клепач мораа преку Битола да стигнат до Прилеп. Сега со овој пат им се олесни и им се скрати патувањето, подвлече Ристовски и додаде дека локалната самоуправа ажурно ја спроведува програмата сите населени места да бидат опфатени со асфалтирана инфраструктура.