
САД ќе испратат уште 1.300 војници во Ирак, почнувајќи од јануари следната година, соопшти вчера американското Министерство за одбрана, пишува МИА.
– Распоредувањето на војниците е согласно одлуката, која минатиот месец ја донесе претседателот Барак Обама за испраќање на дополнителни 1.500 војници, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
– Нивната задача е да обучуваат, советуваат и да им помагаат на ирачките сили за безбедност, рече тој.