
Засилените контроли на државната пазана инспекција откриле рафтови полни со производи кои не ги почитуваат основните стандарди за безбедност. Во изминативе 10 дена неколку видови на светилки и играчки биле повлечени од продажба, пишува Курир.
Во овој период граѓаните подготвувајќи се за новогодишните празници интензивно пазарат подароци. Велат дека се трудат да ги прочитаат информациите на производите и внимаваат што купуваат.
При купувањето на овие производи најважно е да се обрне внимание на декларацијата и ознаките од производителот. Од пазарниот инспекторат предупредуваат дека доколку купите светилки со краток и неизолиран кабел, може да предизвикате пожар.
Она што малку граѓани знаат е дека според Законот за заштита на потрошувачите, во одреден временски период и со прикажување на фискална сметка, продавачот има обврска да го врати и ли замени производот кој е небезбеден за употреба.