
Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно. Од пладневните часови ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер, што ќе доведе до нагло опаѓање на температурата и врнежи, кои прво ќе бидат од дожд и снег, а кон крајот на денот на повеќето пониски места ќе преминат во снег. На планините ќе паѓа само снег.
Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од три до 10 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до шест степени.