
Овие тврдења на неименуваниот кинески хакер никој не ги сфатил сериозно, се до неодамнешното мистериозно исчезнување на авионот во кој се превезувале 162 патници и членови на екипажот, на летот од индонезискиот град Сурабаја до Сингапур, пренесува ”Daily Mail”.
Корисниците на интернет сервисот Редит ги превеле оригиналните пораки на кинескиот хакер и во истите може да се пронајдат премногу детали кои што се поклопуваат, па затоа многумина коментираат дека неговите тврдења не може да се прогласат само за фантазии.
“Црната рака (метафора за тајна организација која ги влече конците зад сцената) ги киднапираше и сруши авионите MH370 и MH17. Тоа практично ја уништи компанијата “Malaysia Airlines”. Сега Црната рака цели кон “AirAsia”, за и неа да ја уништи”, напишал хакерот.
“Со оглед на силата на Црната рака, им препорачувам на сите Кинези добро да размислат пред да се качат на авионите на “AirAsia” затоа што и тие би можеле да исчезнат како несреќниците од летот MH370”, додал “Landlord”.
Останатите корисници од форумот го критикувале хакерот, обвинувајќи го дека пишува бесмислици, на што тој одговорил: “Вие цивилите само тргнете се што подалеку од овој авиопревозник”.
Во текот на двата дена, колку што “Landlord” бил активен на споменатиот кинески форум, тој напишал 39 објави во кои што ги повикува своите сонародници да ја избегнуваат компанијата “AirAsia”, а се до пред два дена, на неговите најави никој не им обрнал внимание и не им придавал важност, се додека навистина не исчезна авион од оваа компанија.
Во јавноста веќе се појавиле теории според кои што “Landlord” е кинески известувач или хакер, а неговите пораки на форумот наводно биле обиди да ги спаси своите сонародници, откако открил голема и тајна завера на кинеските власти.
Она што е особено интересно е и податокот дека во авионот кој исчезнал пред два дена, немало ниту еден кинески државјанин.
Извор: Точка