
Децата на припадниците на АРМ кои се распоредени во мировните мисии надвор од Република Македонија „Одлучна поддршка“, ,,АЛТЕА“ и ,,УНИФИЛ“ денеска добија новогодишни пакетчиња.
На церемонијата во Домот на АРМ присуствуваа и министерот за одбрана Зоран Јолевски и Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.
Јолески и Котески на присутните им посакаа многу здравје и успех во Новата година, а на поделбата на пакетчињата и претходеше драмската претстава „Дедо Мраз на гости кај…“.