
Професорскиот кадар на СДСМ со нула објавени научни трудови трет ден не оди на работа.
И денес беа залудни нашите обиди да добиеме од нив одговор на прашањето „Зошто не објавуваат трудови и дали имаат намера конечно да го направат тоа“. Трет ден последователно наидуваме на заклучени врати.
Љубомир Фрчковски, Ана Павловска Данева, Гордан Калајџиев, Каролина Ристова Астеруд и останатите професори кои протестираат против концепт кој ќе го подобри квалитетот на високото образование, новогодишните празници си ги претворија во долг одмор.
Денес е 31-ви декември, работен ден. Денес на работа е нашата екипа, сите доктори и останат медицински кадар, наставници и професори, цела јавна администрација, продавачи, банкарски службеници… Сите освен професорскиот кадар на СДСМ.
Деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски, се уште се крие од одговори кои јавноста ги очекува од него. За разлика од останатите, тој вчера дојде на работа за да одржи некаков состанок. Се задржа доволно долго за да издаде наредба секоја новинарска екипа која ќе влезе на факултетот да биде избркана.
Екипата на Курир вчера наиде на затворени врати и на забрана за вршење на работната должност.
Како што ни беше објаснето, деканот Давитковски не дозволува да се снима на Правниот факултет, но немаше време тој лично да ни ја објасни оваа наредба.
Речиси 24 часа по вчерашниот настан, Курир се уште чека објаснување од Давитковски- зошто бевме спречени да добиеме одговор од него и останатите професори со нула објавени научни трудови.
Она што е скандалозно е фактот што токму Давитковски и СДСМ гласно се залагаат за демократија, автономија на Универзитетот и слобода на говорот. Истовремено, токму тие бегаат од јавноста, бркаат новинарски екипи, не одат на работното место од каде земаат плата и не си ја исполнуваат својата работна должност, а имаат нула објавени научни трудови.
Извор: Курир.мк