Македонизмот, Скопје 2014- та и ВМРО- ДПМНЕ – трн во око на СДСМ, Сорос и Грција

Негативната кампања против проeктот Скопје 2014 та предводена од опозицијата и соросовите платеници, синхронизирано се одвива и кај јужниот сосед. Последен на удар се најде мостот „Слобода“ од чиј нов изглед по опозицијата и соросовите сателити, незадоволство изразува и јужниот сосед, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Новиот мост кој што ќе биде декориран со мотиви од македонската историја, култура и традиција, според дел од грчките медиуми го сочинувале изведби од античка Грција.

„Скопјаните продолжуваат да предизвикуваат. По спомениците на Александар низ целата земја и грчките имиња на улиците, сега градат и мост со илустрации од античка Грција“, пишува порталот за вести Њузбомб, повикувајќи се на информации од опозицискиот соросов портал Охрид Скај и цитирајќи го градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.

grcevНа мостот „Слобода“ меѓудругото ќе бидат излеани и штитовите на македонската Фаланга, а според Њузбомб тие наводно биле мотиви од грчката антика, исто како и наводната грчка колонда што требало да биде поставена.

Незадоволство од новиот изглед на мостот своевремено изразија и соросовите и опозициски сателити, чии протести против цркви, споменици и други објекти од проектот Скопје 2014 та не го заобиколија ниту мостот „Слобода“.

Синхронизацијата во рамките на негативната кампања на опозицијата, соросовите платеници и јужниот сосед против проектот е отсликана и преку користењето на истите ново-компонирани термини во понижувачки контекст како „антиквизацијата“. Омилениот термин на анти-македонската пропаганда во Македонија се користи и кај јужниот сосед.

„Античкиот изглед е во согласност со целокупниот имиџ на центарот на Скопје, во рамките на владиниот план за таканаречената антиквизација на главниот град…”, пишува Њузбомб.

Усогласеноста на двете пропаганди не запира овде.

Дел од грчките медиуми одвојуваат значителен простор за книгата на поранешниот градоначалник на Центар од редовите на СДСМ, Мирослав Грчев, која што се состои од куп навреди и критики за проектот Скопје 2014 та. Книгата на градоначалникот во чие време расцвета урбаната мафија уништувајќи го Центар, а во прв ред Дебар Маало, природно, беше промовирана во просториите на соросовиот ГЕМ клуб или Граѓани за европска Македонија, познати по пропагандата за промена на уставното и историско име. Грчките медиуми со воодушевување информираат дека Грчев е дел од скопската интелегенција и опозиција која што се спротиставувала на Македонзимот односно на ВМРО-ДПМНЕ.

„„Името на злото“ беше промовирана на 26 ти декември во клубот ГЕМ во Старата чаршија во Скопје и е настан кој што одбележува значаен чекор во придонесот на интелегенцијата на Скопје против Македонизмот и ја докажува организацијата на опозицијата против режимот на ВМРО-ДПМНЕ…”, известува телевизијата Тас.

Економскиот интернет весник „Вориа“ пак објаснува дека целта на идеологијата што ја застапува Грчев е замена на Македонизмот со наводниот основен, словенски етнички идентитет на народот. Грчкиот портал ја фали книгата на Грчев како дело кое што го откривало наводниот обид за лажно креирање на псевдо-македонски идентитет од страна на владата на премиерот Никола Груевски.

Ова не е прв пат Грчев да се прослави кај јужниот сосед. Тој ја забавуваше како грчката, така и бугарската јавност со видеото во кое што за бугарска телевизија изјави дека само будала можел да зборува за македонска култура и историја во праисторијата. Можноста да „плука“ по македонската историја, култура и традиција пресликана во Скопје 2014-та Грчев ја искористи и во изјави за Српската државна телевизија, за балканската Ал Џезеира, за Би Би Си итн. Дел од ставовите на Грчев, се дека спомениците на македонските херои и истакнати личности се „простачки грдотии“  и  дека сите елементи на проектот Скопје 2014 та треба да се урнат.