Грабеж во „Кам“ во Топанско

Синоќа околу 20:15 часот во скопската населба Топанско на улицата Џон Кенеди во маркетот „Кам“ е извршен грабеж.

Имено, едно лица со пиштол им се заканил на четорицата вработени и им одземал 55.000 денари од дневниот промет.

Екипи на Министерството за внатрешни работи ги презема сите мерки за откривање на сторителот.