
Втор круг од претседателските избори ќе се одржи утре во Хрватска. Кандидати се Иво Јосиповиќ (СДП) и Колинда Грабар Китаровиќ (ХДЗ).
На полноќ настапи изборен молк. Избирачките места ќе бидат отворени во седум часот наутро и затворени 12 часа подоцна.
Право на глас имаат околу 3,8 милиони гласачи.
Кандидатите според анкети се во т.н. мртва трка со што претстојат најнеизвесни претседателски избори во историјата на државата.