
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози. По осојниците наместа има остатоци од снег.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
Од Македонија пат на учесниците во сообраќајот им препорачуваат внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.