
Полицијата го уапсила 19-годишниот М.М. од Лесковац поради сомневање дека психички и физички го малтретирал својот очув.
Од полицијата соопштуваат дека осомничениот М.М. вчера во раните утрински часови го нападнал очувот во нивниот дом, така што прво започнал да го навредува, а потоа со тапиот дел од секирата го удрил по глава, при што тој се здобил со тешки телесни повреди.
Осомничениот веќе имал кривична пријава за извршено семејство насилство, а судијата на основа на претходната пријава му изрекол 30-дневен притвор.
Причината за нападот се уште не е позната.