
Британската актерка Габриела Вајлд потпиша договор со модната куќа Есте Лаудер.
Вајлд ќе биде заштитно лице на познатата модна куќа, а ќе учествува во рекламните кампањи за поголем број производи за нега на лице и шминка.
Вајлд за прв пат беше забележана од Наоми Кемпбел на 14-годишна возраст, а она што е интересно за неа е тоа што таа е потомок на Шарл Втори и нејзиното вистинско име е Габриела Зана Ванеса Анструтер Гог Калтроп.
-Многу сум возбудена што ќе тргнам по стапките на голем број извонредни жени кои го претставуваа Есте Лаудер. Тие ме инспирираа и се надевам дека и јас ќе ги инспирирам другите, изјави таа.
Во рамки на нејзината актерска кариера Вајлд досега глумела заедно со Орландо Блум и Џулиен Мур, а досега учествувала во повеќе модни кампањи.
– Габриела е безвременска убавица, талентирана актерка и успешен уметник, совршено лице кое ќе ја рефлектира модерната слика и вредности на Есте Лаудер, изјави Ричард Ферети помлад заменик претседател и глобален креативен директор на модната куќа.
Таа најпрво ќе се појави во кампањата за производите за нега на лице Crescent White, кои ќе бидат презентирани во март годинава.