Инвестиција во Кичево ќе отвори нови 50 вработувања

Фабрика за преработка на вода и производство на безалкохолни пијалоци ќе се гради во месноста Бигор во близина на Кичево.

Инвеститор е фирмата Уска-Гара на кичевскиот бизнисмен Мафаил Ибишки, кој е на привремена работа во Швајцарија. Договорот за концесија беше потпишан вчера попладне во Министреството за економија.

Првично во фабриката ќе треба да се вработат 50 луѓе со можност за зголемување на нивниот број.

Претставникот на фирмата концесионер Рамазан  Ибиши најави дека со почетокот на градежната сезона, ќе започне и изградбата на фабриката. Тој изрази благодарност до градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари, како и до Министерството за економија за поддршката за реализација на оваа инвестиција.

Ова е трета инвестиција од кичевски бизнесмени кои се на привремна  работа во странство по изградбата на фабрика за изработка на врати и прозорци и фабриката за производство на биогас која се очекува набрзо да почне со работа