Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска оствари средба со Филип Пинингтон, новоименуваниот амбасадор на Канада за Македонија со седиште во Белград.
На средбата, како што информира прес-службата на Собранието, станало збор за одличните односи меѓу двете држави за што доказ се и официјалните посети на високо ниво. Двете страни изразиле интерес за продлабочување на соработката и развивање на парламентарната демократија.
Се разговарало и за актуелните случувања во двете земји, а двајцата соговорници изразиле желба за понатамошно развивање на пријателскиот однос кој би дал придонес во повеќе области, особено во економскиот развој.