
Автомотосојузот на Македонија соопшти дека поради врнежите од дожд во источна Македонија, кои предизвикаа излевање на водотеците, сообраќајот на мостот на патниот правец Штип-Радовиш се одвива по една коловозна лента.
Превентивно е затворен патниот правец Штип – Неготино поради надојдените води од реката Крива Лакавица.
АМСМ информира дека сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози.
Поради магла намалена е видливоста до 50 метри на патните правци кон Маврово и Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.