
Вчера околу 19 часот во Тетово на ул.„Андреја Стојановски“, во маркет „Јупром“, двајца засега непознати сторители извршиле разбојништво во обид над Т.Б.(1947) и Т.Ч.(1962).
Имено, лицата влегле во маркетот и еден од нив вперил пиштол кон вработените, барајќи пари, а откако продавачката се спротивставила, сторителот пиштолот го вперил кон И.И., кој бил купувач, по што со рачката од пиштолот го удрил во пределот на задниот дел на главата.
Веднаш потоа, двете лица го напуштиле маркетот и заминале кон ул.„Ѓорче Петров“, а И.И. е пренесен во КЦ-Тетово заради укажување на лекарска помош. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.