Во Грција денеска е ден на предизборен молк пред утрешните парламентарни избори, јави ТАСС.
Забраната не е објавена официјално, но според традиција се знае дека ден пред изборите е забрането агитирање во корист на некоја политичка партија, забрането е објавување прогнози за резултатите од гласањето и рејтингот на партиите.
Според последното истражување на јавното мислење радикалната левичарска партија Сириза води со пет до шест проценти пред конзервативната Нова демократија на премиерот Андонис Самарас.