Седум лица убиени од џихадисти во Мукдадија

Седум лица, меѓу кои двајца новинари се убиени од џихадисти на групата „Исламска држава“ во ирачкиот град Мукдадија, на 90 километри североисточно од Багдад.

Али ал Ансари и уште еден новинар од сателитската телевизија Ал Гадир се убиени, изјави нивниот директор Карим Фадел.

Двајца нивни колеги, Мустафа Хамид и Куса Сахиб од државната телевизија на Ирак се повредени.

Во нападот загинале вкупно седум лица. Според некои очевидци станува збор за артилериски напад врз Мудадија, додека според други за бомбардирање и борби во северниот дел на градот.