
Основното Јавно Обвинителство поднесе кривична пријава против К.Љ.(23) за сторени тешки кражби, при кои осомничениот незаконски стекнал околу 360.000 денари.
Во претходна постапка, на К.Љ. му е изречена мерка притвор во траење од осум дена.
Имено, К.Љ. на 30.10.2014 година, околу 2:30 часот по полноќ украј мотор од марката „Јамаха“ од зградата број 5 на улицата Даме Груев. Тој со помош на двајца најмени работници кои ги платил по 100 евра, моторот го внел во камион и го однел во насебата Бутел каде го продал за 2.000 евра.
За рсветлување на случајот обезбедени се видео записи од околните објекти, како и од безбедносните камери поставени на крстосниците и објектите во Град Скопје на кои се гледа начинот на извршување на кривичното дело како и правецот на движење на камионот. Извршен е претрес на домот на М.Љ., татко на пријавениот, каде била пронајдена и поголема количина пиштолска муниција.