За долг од 700 евра, добил закани по животот на синот

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Б.П.(32) од Охрид, за сторено кривично дело „изнуда“.

Како што е наведено во полицискиот билтен, на 16.12.2014 година, околу 20:00 часот, од нејзиниот мобилен телефон се јавила и разговарала со З.А., за враќање на долг, што неговиот син и го должел.

Истиот ден, околу 18:00 и 22:00 часот, во два наврати на мобилниот телефон на З.А. му се јавило непознато машко лице, кое му се заканувало по животот на неговиот син, доколку не го врати наводниот долг од 700 евра.