Речиси 500 рудари останаа денеска за кусо време заробени во најголемиот рудник за јаглен на истокот на Украина, кој остана без струја кога граната погоди трафо-станица, но евакуацијата почна и животот на рударите не е во опасност, соопштија локалните власти, пренесува МИА.
До инцидентот дошло во рудникот за јаглен Засјадко во регионот Доњецк кој е под контрола на проруските сили.
– Во моментот кога се случи прекин на електрична енергија, во рудникот се наоѓаа 496 рудари, изјави претставник на министерството за вонредни состојби на Доњецката област и додаде дека „рударите почнале да излегуваат на површината“.
Во истиот рудник на 11 јануари беа заробени над 300 рудари.