Сообраќајот на неколку патни правци во прекин

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат кај Страцин, Куманово, Попова Шапка, Павлешенци и Смојмирово, но не претставуваат проблем за нормално одвивање на сообраќајот, извести АМСМ.

Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Сообраќајот на патниот правец Демир Капија кон с. Корешница е нормализиран. Забраната за движење, поради свлечиште, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип се’ уште останува.

На регионалниот пат Р2232 на м.р.„Глобица” во непосредна близина на с. Ратавци – Пробиштип сообраќајот е се’ уште во прекин.

Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло.

Сообраќајот на патниот правец Р1401, клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на реката Вардар.

Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.