ФОТО: Кејт Мидлтон повторно „жртва“ на Фотошопот

Војвотката од Кембриџ, Кетрин „Кејт“ Мидлтон изминативе денови блескаше на јавната изложба во новиот Кенсингтонски центар за одмор во Лондон.

Но, на една фотографија од собирот што вчера ја објави австралиското списание „Woman’s Day“ на  својата насловна страна, Кејт изгледа непрепознатливо.

Сликата е доказ колку агресивната употреба на Фотошоп може да делува бизарно, оценија британските медиуми, од кои некои се појавија со наслови во стилот „Што и направија на Кејт?“.

Инаку, „Women’s Day“ е најчитан австралиски женски неделник, па оваа постапка дополнително изненадува.

Ова не е првпат војвотката да биде „жртва“ на Фотошопот. Во септември 2012 година, американското издание на списанието „Стар“ објави фалсификат на сликите на Кејт, на кои и беше додаден испакнат стомак со тврдење дека носи близнаци.