
Поради обилните врнежи, вчера на магистралниот пат А4 на патот Штип-Радовиш појавена е дупка, при што дошло до оштетување на бандашот на еден автомобил.
Со експресна интервенција на дежурната екипа на ЈП Македонија пат-секција Штип дупката е санирана. Притоа е ставен материјал-тампон.
Поради безбедност во сообраќајот, поставени се сообраќајни знаци-ограничување на брзината на 30 км на час и опасност на патот.
Со подобрување на временските услови, ќе се пристапи и кон асфалтирање на самата дупка.
На лице место биле присутни стручни лица на ЈП Македонија пат.
ФОТО: infomax.mk