Воз удри во бегалци, четири лица се полесно повредени

На железничката делница близу Mиравци, на постојката Mилетково,  воз полесно повредил четири лица откако удрил во група бегалци од Блискиот исток.

Синоќа, патничиот воз кој сообраќал на релација Солун-Скопје-Белград налетал на 30-ина мигранти кои се движеле по пругата. Сообраќајот на делницата бил во прекин два часа.

Лани, во периодот октомври- декември, на македонските пруги загинаа осумина бегалци, кои претходно илегално ја преминале грчко-македонската граница.