
Владата на Унгарија по повод одбележувањето 20 години од воспоставувањето дипломатски односи со Република Македонија денеска ќе додели донација во компјутерска опрема.
Примопредавањето на донацијата е во организација на Секретаријатот за европски прашања и Амбасадата на Унгарија во Скопје. По тој повод, Амбасадорот на Унгарија, Јожев Бенце и државниот секретар при Секретаријатот за европски прашања, Ана Блажеска, ќе откријат табла со која се одбележува јубилејот и донацијата.
фото: МИА