
Во рамките на Саемот на книгата „Книга во секој дом“, денеска во 12 часот, во „Матица ексклузив“, читателите ќе имаат можност да се запознаат и лично да разговараат со архитектот Вангел Божиновски. Поводот за оваа средба е неговата најнова книга „Прилози кон историјата на македонската архитектура“.
Сите љубители на пишаниот збор, уметноста и архитектурата ќе имаат можност книгата да ја добијат со лична посвета од авторот.