
Поранешниот боксерски шампион Мајк Тајсон (48) отксри дека заедно со Мадона ја отепал песната „Iconic“ која ќе се најде на нејзиниот нов албум „Rebel heart“ кој треба да излезе на 9-ти март.
– Ако те повика Мадона и ти каже да одиш, ти одиш. Не знаев што ќе правам во студиото, мислев дека малку ќе се дружам со неа. Таму беше нејзиниот продуцент, а јас незнаев дали таа сака да разговараме или да рапувам. Затоа само влегов и почнав да говорам. Говорев за својот живот и за нештата што ги доживеав. Кажав некои навистина луди нешта. Беше навистина напнато, вели Тајсон за магазинот „Ролингстоун“.
ФОТО: AP