ТРАГЕДИЈА: Девојка почина минута откако момчето ја запроси

Неверојатна и ужасна трагедија се случи на една плажа во Ибица, откако девојка почина по романтично запросување.

Нејзиното момче живеело и работело на Ибица. Девојката дошла два дена порано за да го посети и да побара работа.

Откако момчето ја побарало за жена, таа скокнала од возбуда горе – долу изгубила рамнотежа и паднала од карпата.

Трагедијата се случила на зајдисонце и според полицијата се работи за несреќа.

Момчето, ја запросило 29-годишната девојка со потекло од Бугарија на познатата карпа Кала Тарида – кое  важи за едно од  најромантичните места на Ибица.