Хрватски доброволци се борат во Украина

Шефот на хрватската дипломатија Весна Пусиќ потврди дека има хрватски државјани кои војуваат во Украина, но истакна дека тие се борат исклучиво во редовите на украинската армија, пишува МИА.

– Според мои информации има хрватски војници во Украина, кои се присоединија кон украинската армија – рече Пусиќ.

Таа додаде дека според хрватските служби за безбедност и разузнавање засега нема хрватски државјани кои се присоединиле кон паравоените групи.

Пусиќ не прецизира колкав е бројот на Хрватите кои се борат во Украина.