Ќерката на Витни Хјустон сепак ќе оздрави

Здравствената состојба на ќерката на Витни Хјустон, боби Кристина се подобрува. Ова во интервју за американската телевизија „Фокс 5“ го потврди тетката на Боби Кристина, Леола Браун.

-Знаеме дека ги отвара очите. Тое е вистина, таа ги отвара очите и прави уште неколку други работи. Криси е сега добро, изјавила Леола.

Сестрата на Боби Браун додала дека постојат голем број симптоими кои што покажуваат дека девојката ќе биде добро и покрај шпекулациите во медиумите.

Инаку, овие денови се пишуваше дека Боби треба да биде исклучена од апаратите што ја одржуваат во живот и тоа денес на тригодишнината од смртта на нејзината мајка.

Боби Кристина, единственото дете на Витни Хјустон и Боби Браун, беше пронајдена онесвестена во када на 31-ви декември.