Запален автомобил во Ченто

Автомобил „форд мондео“ со скопски регистерски таблички бил запален минатата ноќ. Фордот во сопственост на 29-годишниот И.С. бил опожарен во дворно место  на улицата „Сава Михајлов“ во Скопје.

По извршниот увид полицијата констатирала дека пожарот е предизвикан од страна на непознато лице најверојатно со запалива материја.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.