
Политичкиот аналичар Ристо Никовски во изјава за Сител вели дека деструктивното сценарио на СДСМ не дава резултати, а истото предизвикува и револт кај граѓаните.
– Врз основа на илегални средства се обидуваат повторно да создадат некаква тензична ситуација и да ја рушат државата, не само власта. Ова што го прават е на долгорочна штета за државата, вели Никовски за Сител.
Според него партијата на власт ќе зајакне по сите овие настани.
– Луѓето не се неписмени и неразумни да не сфаќаат дека ова што се лансира е само на штета на тој што го креира тоа бидејќи треба да ни биде јасно дека нормален човек и одговорен човек нема склоност да слуша нечии приватни разговори илегално снимени, смета Никовски.