Поради снежна бура откажани илјадници летови на аеродромот во Далас

Снежната бура и ниските температури денеска ги погодија западнте и јужните делови на САД поради што се затворени училишта и откажани се летови, пренесе МИА.

Поради снежната бура откажани се повеќе од 1.000 летови на Меѓународниот аеродром во Далас.

Поради ниските температури на воздухот во неколку делови на Тексас, Лујзијана и Арканзас затворени се училиштата.

Гувернерот на Лујзијана, Боби Дилан синоќа воведе вонредна состојба поради снежната бура и потенцијално опасните услови за патувања.