Делегација на АРМ во посета на БиХ

Делегација на АРМ предводена од началникот на Генерал штабот генерал-потполковник Горанчо Котески престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина.

Котески во Сараево бил пречекан со високи воени почести од началникот на Здружениот штаб на Вооружените Сили на Босна и Херцеговина, генерал-потполковник Анте Јелеч.

-На средбата, двајцата генерали констатираа дека односите меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина се пример за одлична соработка во регионот, а во прилог на ова е успешната билатерална соработка помеѓу двете армии. Покрај  продлабочувањето на билатералната соработка, на средбата стана збор и за заедничките активности во рамките на Јадранската повелба во А5 формат, како и во мисијата „Resolute Support“ во Авганистан, се вели во соопштението од ГШ на АРМ.

bih-poseta1-500

Котески истакнал целосна поддршка во остварување на зацртаните цели кои Босна и Херцеговина треба да ги остварите како актуелен  претседавач на Јадранската повелба, при што потенцираше дека годинава Република Македонија е домаќин на средбата на началниците на генералштабовите од А5 форматот. Генералот Котески ја истакна подготвеноста за давање отворена помош во поддршката на Босна и Херцеговина на патот кон членство во НАТО.

bih-poseta2-500

За време на престојот во Сараево, НГШ на АРМ беше примен и од министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зекријах Осмиќ.

minister-koteski

Во рамките на посетата на Босна и Херцеговина, генералот Котески, денес во кампот Бутмир кај Сараево, ги посети припадниците на АРМ, кои се распоредени во мисијата АЛТЕА, каде положи венец со свежо цвеќе на спомен обележјето на загинатите припадници од воздухопловната бригада на АРМ кои загинаа во хеликоптерска несреќа враќајќи се од мисијата АЛТЕА.